Радио Милева со почит

Анета Љумаковска никогаш поискрена: Пејачката откри што мисли за нејзиниот колега

Анета Љумаковска никогаш поискрена: Пејачката откри што мисли за нејзиниот колега

Фолк пејачката Анета Љумаковска на својата Инстаграм приказна објави фотогарфија од својот  колега и во подолгиот опис  кажа што мисли за него.

Таа присувстваше на  концертот на Влатко Миладиновски, и Златко Миладиновски со неговиот голем оркестар како што тој го најави, за време на самиот настап и  доби грмогласен аплауз, а се заблагодари на публиката и откри дека со големо задоволство се трудат да ја пренесат сета љубов што ја имаат кон музиката.

Меѓу  присутните поканети гости, беше и пејачката Анета Љумаковска која премногу се воодушевила од концертот и токму поради тоа се потруди и искрено напиша  што мисли за колегата.

„Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи, а ти и тоа како го сакаш ова што го работиш. Доказ за тоа беше овој прекрасен и повеќе од успешен концерт на кој со огромна чест присуствувавме. Благодарение на тебе и на твоето музицирање нашиот големец Војо Стојаноски кој остави многу зад себе, живее и ќе продолжи да живее. Ти благодариме што постоиш и што има на кого да се огледаме и да ни биде пример како треба да се чува и негува тоа што ни го оставиле нашите доајени на македонската песна. Благодарам Влатко за поканата и честитки за секој досегашен успех, ти посакувам безброј песни (хитови) и безброј концерти. Со почит Анета Љумаковска“.

Од нејзиниот подолг коментар со пофални зборови лесно може да се заклучи дека пејачката била воодушевена од концертот како и дека поминала прекрасна вечер со атмосфера во која уживала додека траел настанот.

фото: printscreen/instagram

To top