Радио Милева во моден лавиринт

Анета Љумаковска каква досега не сте ја виделе: Фолкерката одново изненадува – овој пат со долга коса и јака шминка

Анета Љумаковска каква досега не сте ја виделе: Фолкерката одново изненадува – овој пат со долга коса и јака шминка

Изминатиот период од фолкерката Анета Љумаковска се изнагледавме доста промени кога нејзиниот визуелен израз е во прашање.

Па така, според се’ она досега, популарната битолчанка се уште е во потрага по вистинското јас, а стилскиот печат го препушта водена од моменталното чувство и тековните тенденции кои и се допаѓаат и смета дека и прилегаат.

Вака или онака, Анета храбро им пристапува на сите стилски егзибиции од кои без задршка влегува од една во друга.

Сега стартува периодот на предновогодишни снимања и прослави, па токму по тој повод Анета снима нов проект со својот старо-нов формиран „Анета бенд“ кој го сочинуваат колеги од екс- Молика, а меѓу нив е и саканиот Рубин Размоски.

А кога е нешто ново, веќе очекувано гледаме и „нова“ Анета, овој пат со долги екстензии во косата и јака шминка која досега и не беше така чест избор.

Сцената секогаш трпи промени и разни стилски преобразби, а тоа кому се допаднало или не, е сосема неважно. Она што е важно е дека Анета и тоа како храбро чекори низ моден лавиринт.

фото:Facebook/ Анета Љумаковска/Instagram printscreen/anetaljumakovska2701

 

To top