Радио Милева естрадна домаќинка

Андријана Петрушовска ги поткачи колешките: „Ако не знаат ни јајце да сварат, не треба ни да пеат“ (ФОТО)

Андријана Петрушовска ги поткачи колешките: „Ако не знаат ни јајце да сварат, не треба ни да пеат“ (ФОТО)

Екипата на Гранд портал неодамна имаше можност да го посети домот на Андријана Петрушовска во скоспката населба Драчево, каде пејачката меѓудругото ги покажа и своите кулинарски способности.

Пејачката ги отвори портите на родната куќа за екипата на „Гранд“: Вака изгледа домот на Андријана Петрушовска во Драчево (ФОТО+ВИДЕО)

Иако постои предрасуда дека убавите девојки не ги бива за домашни работи, Петрушовска сите ги убеди во спротивното. Пејачката призна дека во подготовката на трпезата за гостите од ТВ екипата имала помош од мајка и, но дека таа е експерт за одредени специјалитети кои се нашле на истата.

„Се’ подготвив со помош на мајка ми. Јас го направив главното, француска салата, ајварот, салатата, мезето. Бидејќи е жешко, не сакав да сервирам ништо тешко“ – објаснила Андријана, додека нејзината мајка потврдила дека  нејзината ќерка освен со микрофонот, добро се снаоѓа и во кујната.

„Ги мие садовите, заедно правиме ајвар, знае се’ и искрено помага“ – додала мајката. Кога новинарката споменала дека многу пејачки не знаат ни јајце да сварат, Петрушовска имала подготвен одговор.

„Секако дека знам. Нека научат, а ако не знаат, не мора ни да пеат“ – низ насмевка изјавила Андријана.

Пејачката иако е згодна, талентирана и вредна, признава дека не е лесно да се најде момче. Во неодамнешниот разговор Андријана откри дали мажите често и приоѓаат за време на нејзините настапи.

„Мислам дека се плашат, не знам дали имам таков гард и став. Ако има некој што ќе дојде да се додворува и да каже нешто, супер, но повеќето  се плашат“ – признала таа за Гранд.

Фото: grand.nova.rs – принтскрин/andrijanapetrushovska

 
To top