Радио Милева незгода

Алек Болдвин се удри со автомобилот во дрво (видео)

Алек Болдвин се удри со автомобилот во дрво (видео)

Американскиот актер Алек Болдвин се удри со својот автомобил во дрво додека се возел со својот брат Стивен. За среќа, никој не е повреден.

Автомобилот е во сопственост на сопругата на Алек, Хилари, а „Њујорк пост“ објави фотографии од Болдвин на местото на настанот како разговара со полицаец и на мобилен телефон:

Алек на Инстаграм изјави дека неговиот брат го посетил на Лонг Ајленд и дека го поминале викендот таму бидејќи биле гости на Меѓународниот филмски фестивал во Хемптонс. Тој тврди дека додека возел, го престигнал човек кој возел голем камион за ѓубре.

„Тој камион за ѓубре беше со големина на кит. Мора да се користи за транспорт на материјали од градилиште или нешто слично. Тоа беше најголемиот камион за ѓубре што сум го видел“, рече тој. Понатаму рече дека не сака да дава детали, но дека удрил во дрво откако се обидел да го избегне. „Ја удрив колата на жена ми. Жал ми е за тоа“, рече тој, заблагодарувајќи им се на полицајците кои пристигнале на местото на настанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Foto: prinstcreen/instgaram

To top