Славната холивудска актерка Дру Баримор е редок пример, особено меѓу славните дами која што избрала да старее достоинствено.
Дру веќе ја раситни шестата деценија од животот, редовно позирајќи без шминка и покажувајќи ја природната убавина без ботокс и филери, напротив со брчките во прв план.
-Стареењето е привилегија која никогаш нема да ја земам здраво за готово, стои во најновото видео на актерката.
Ѕвездата на филмот „Never Been Kissed“ гордо ја слави 50-тата година, а во април 2021 година раскажа зошто никогаш не лажела за своите години.
„Мислам дека не можев да се извлечам со тоа“, се пошегувала во својот сегмент „Dear Drew“ на „Entertainment Tonight“.

„Никогаш не сум била на состанок на слепо и никогаш не сум лажела за своите години… Тоа е нешто што никогаш не сум морала да го правам“, признала актерката во таа прилика.
фото:facebook/ Drew Barrymore







