Бојан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13, објави дека неговиот дом во Скопје бил цел на провалници во текот на изминатата ноќ.
Јовановски преку социјалните мрежи информираше дека станал жртва на тешка кражба и провала, додавајќи дека во моментот кога се случил инцидентот не се наоѓал во државата, туку престојувал во Белград.

Според неговата изјава, настанот се случил во раните утрински часови, а поради тековната истрага засега не сака да открива дополнителни детали за случајот.
„Точно е дека бев жртва на тешка кражба и провала во мојот дом во Скопје, која се случила во раните утрински часови денеска. Точно е и дека во моментот на настанот се наоѓав во Белград…“, напиша Јовановски.

Како што самиот Боки нагласи, во моментов надлежните од Министерството за внатрешни работи работат на терен и расчистување на случајот.
Иронија на нештата од тековните случувања, случајност или пак нешто кое ќе остане само со … е тоа што во четврток, поточно утре (25. Јуни) Боки промовира нова песна во која се пее „да ми узму све“.
фото: instagram printscreen/boki13official




