Кога ќе се спојат харизмата на Игор Џамбазов и модната и креативност на Ивана Кнез, резултатот никако не може да биде обичен! Овој е е повеќе од бомбастичен!
Македонскиот шоумен, актер, писател и блузер овојпат се претстави и како заводлив шармер, откако како модел заплива во манекенските води. Застана пред објективот во елегантно издание што ретко го гледаме – смокинг, бела кошула со манжетни и елегантни чевли. И сето тоа на брегот крај Дојранското Езеро!

За ваква модна авантура очигледно беше потребна вистинската дама, а тоа е креаторката Ивана Кнез, која не само што го „улови“ маестрото за својата фотосесија туку и самата застана пред објективот во црвен фустан од тантела, со кој дефинитивно не останува незабележана.

А кога Игор е во друштво на креативна дама, ни забавата не изостанува. На снимањето им правеше друштво и Ферхунде, кучката на Џамбазов, модната приказна доби уште една женска придружничка – четироножна!

Ивана сподели дел од фотографиите на социјалните мрежи откривајќи дел од атмосферата зад објективот, но и својот препознатлив, духовит поглед на модата, животот и страста.

„Стареам со страст“ – напиша креаторката, посветувајќи ја фотосесијата на генерациите што избираат да бидат гласни во време кое избира да молчи.
„Благодарам, Маестро, што си дел од оваа фотосесија. Ни подари еден незаборавен ден“, му порача Ивана на Џамбазов, а потоа следуваше и нејзината препознатлива доза хумор:
„Пред употреба внимателно прочитајте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите ефекти на овие фотографии консултирајте се со вашата комшика или најблискиот трач конзулат“.
Со ваква најава, фотографиите дефинитивно не се само уште една модна приказна, туку и потсетник дека стилот нема рок на траење, а шармот не се учи од модни списанија.
View this post on Instagram
Инаку, Ивана Кнез е меѓу препознатливите имиња на македонската модна сцена, позната по својот автентичен, драматичен и театарски визуелен израз. Таа стои зад луксузната модна линија Drama (Drama Studio), како и брендот Lovecats Original RTW. Нејзините креации се наменети за силни, независни жени со изразен индивидуализам, а инспирацијата често ја црпи од уметноста, филмот и костимографијата.

Ако судиме според фотографиите од Дојран, Игор Џамбазов можеби нема да ја замени актерската и музичката кариера со манекенството, но пред објективот со Ивана Кнез очигледно знае како да ја одигра и оваа улога! Глумата, микрофонот, перото… ги замени со „страсни“ пози со креаторката крај езерото! Модна егзотика со дојранска еротика!
View this post on Instagram
Фото: Фејсбук и Инстаграм/iamivanaknez





