Мегафон Јуниорски евросонг 2026

Гласањето е бесплатно – да ја поддржиме Ана Стојаноска и на Македонија да ѝ го донесеме најдобриот резултат досега

Гласањето е бесплатно – да ја поддржиме Ана Стојаноска и на Македонија да ѝ го донесеме најдобриот резултат досега

По една недела интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ги брани боите на Македонија на 24-тото издание на Јуниорскиот евросонг.

Тимот на Македонската Телевизија вечерва се соочува со еден од клучните моменти во јуниорското патување – генералната проба за стручното европско жири.

Шеснаесет петчлени жирија ширум Европа ќе ги оценуваат изведбите на најмалите големи таленти, меѓу кои е и нашата Ана и песната „Идната јас“. Според евровизискиот модел, одлуката на жирито е само 50% од финалниот резултат, односно нивните поени подоцна се комбинираат со гласовите добиени од публиката и на тој начин се рангираат учесниците.

Затоа, сега е ред на вас, почитувана публико! Да ја поддржиме Ана за на Македонија да ѝ го донесеме најдобриот резултат досега.

Гласањето е бесплатно и достапно на следниот линк: https://vote.eurovision.com/

Преносот во живо на Јуниорскиот евросонг можете да го следите на програмата на Македонската Телевизија на 24.10.2026 со почеток во 21ч.

 

 

 

To top