Радио Милева По објавата на Тошиќ

Јелена Карлеуша удри по Тошиќ и Нора: „Девојката му е мажена, нека ви даваат изјави Карлеуши од Тему“

Јелена Карлеуша остро го критикуваше поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради, како што тврди, нападот врз неа и нејзиниот партнер, откривајќи и детали за неговата нова избраничка Нора.

Јелена Карлеуша удри по Тошиќ и Нора: „Девојката му е мажена, нека ви даваат изјави Карлеуши од Тему“

Јелена Карлеуша се огласи на својот профил на социјалната мрежа X, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за првпат објави фотографија со својата нова девојка Нора Миловановиќ.

Поп-ѕвездата не штедеше зборови на сметка на поранешниот сопруг, а во објавата тврдеше и дека Нора сè уште е мажена.

„Никогаш не би го нападнала физички мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка, како што тој ги нападна мене и мојот дечко, иако ние веќе одамна бевме разведени (тоа веројатно ќе го направи нејзиниот сопруг). Да сакав да тепам ку*ви, ќе почнев уште во Турција. Но, ми се слатки новинарите кои се натпреваруваат во фалење на моите поранешни, притоа имајќи амнезија за долгогодишното насилство. Поради тоа, ниту еден новинар повеќе нема да добие изјава од мене. Нека ви даваат изјави Карлеуши од Тему“, напиша Карлеуша.

Instagram @noraamilo

Да потсетиме, во јавноста неодамна одекна веста дека поранешниот фудбалер е во љубовна врска, што и самиот го потврди. Во меѓувреме беше откриен и идентитетот на неговата нова партнерка.

Станува збор за Нора Миловановиќ, за јавноста досега непозната жена, која според пишувањата на српските медиуми е разведена и има две деца.

Instagram @noraamilo

Тие двајца се во врска веќе пет месеци и оттогаш често се појавуваат заедно во јавноста.

Според извори блиски до парот, нивната врска засега функционира без поголеми турбуленции. Сепак, и двајцата се обидуваат љубовната врска да ја држат подалеку од очите на јавноста, иако информациите за новата љубов на поранешниот српски репрезентативец сè почесто излегуваат во јавноста.

Instagram @noraamilo

Бонус видео:

To top