Врската помеѓу поранешниот фудбалер Душко Тошиќ и атрактивната русокоса Нора Миловановиќ е една од главните теми на јавноста во последните денови. Иако има многу шпекулации за нивната врска, засега двојката успешно се спротивставува на медиумското внимание и ужива во заедничките моменти далеку од очите на јавноста.
Убавата русокоса сега за првпат проговори за српските медиуми и уште на самиот почеток од разговорот јасно стави до знаење дека не сака да биде дел од светот на забавата.

Иако е свесна дека јавноста сака да знае за секој детаљ, Нора истакнува дека има свои јасни приоритети и дека нејзиниот бизнис е на прво место.
– Не би сакала премногу да зборувам за мојот приватен живот. Не сум јавна личност, ниту пак сакам да бидам. Имам свој приватен бизнис и најважно ми е да се занимавам со своите работи, а не со туѓите. Мојот живот е моја работа – беше експлицитна за Курир.рс
Со оглед на тоа што благодарение на врската со Тошиќ, таа се најде во самиот центар на медиумското внимание, беше интересно да се види како се справува со бројните натписи и коментари што се појавија во последните недели.
Нора ја искористи можноста силно да ги демантира шпекулациите што кружат на социјалните мрежи, во врска со нејзиното наводно минато и водењето фан страници на локалните пејачи.

– Го разбирам интересот на медиумите, но мора да се почитуваат некои граници. Бидејќи веќе ме повикавте, би сакала да разјаснам една важна работа. Никогаш не сум била обожавател на никого. Едно е да се почитува нечиј живот и дело, а сосема друго е да се преправаш дека водиш нечии страници. Фактот што ќе ви го кажам сега е дека во периодот кога се споменува дека наводно сум била администратор на страниците на некои пејачи, студирав во Будимпешта и имав многу поважна работа. Не сакам да се занимавам со невистинити приказни, но мислам дека е важно да се знае вистината – нагласи таа.
Нора тврди дека одредени информации за неа се објавени од различни профили на мрежите.
– Нема да навлегувам во тоа кој стои зад ваквите профили и дистрибуцијата на дезинформации – рече таа.
На крајот од разговорот, таа откри како функционирала нејзината врска со Душко Тошиќ. Нора не сакаше да открива премногу детали, но нејзиниот одговор беше повеќе од јасен.
– Среќна сум и заљубена во Душко – рекла таа со насмевка.
фото:You tube printscreen/Zelena Šljiva/ Instagram printscreen/duskotosic





