Радио Милева вечна им слава!

Сеќавања кои денес силно болат: Она што Антониа Гиговска го најде дома од ДНК ја остави нема и со скрешено срце

Сеќавања кои денес силно болат: Она што Антониа Гиговска го најде дома од ДНК ја остави нема и со скрешено срце

Во 2017 година, музичкиот Р&Б состав ДНК славеа 15 години од своето постоење со концерт во тогаш постоечката Метрополис арена во Скопје, настан од кој во тоа време издадоа и ДВД видео.

Денес кого веќе ги нема, се’ она поврзано со нив и нивната музика, боли најсилно по трагедијата во Кочани пред една година.

Пејачката Антониа Гиговска сосема случајно дома најде спомен од пред осум години, концертот кој денес тешко дека може да се гледа без да се пушти солза, оставена без зборови.

-Што си најдов дома… напиша Антониа со симбол од скрешно, болно срце.

Токму ова ја натера да си ги „премотува“ спомените, оние убавите кои ги имаше од соработките како со Панчо и Андреј, така и со сега покојната Сара Пројковска која освен на ДНК често беше придружен вокал на многумина од естрадата.

Антониа ги отвори старите пораки со Сара и од истите покажа каков бил нивниот однос наведувајќи и’ тогаш дека и недостига, баш како и сега…

Ќе речат, „толку има од човекот“, една вечер излегува на работа, а веќе истата ноќ го нема! Сурова вистина која најтешка е за ужатените, особено на оние на кои им фалат дома!

Вечна им слава!

фото:Instagram printscreen/ antopnia gigovska/ dnk

To top