Сузана Гавазова уште еднаш докажа зошто со децении со право ја носи титулата за една од најбараните и најуспешни женски вокали на нашата сцена.
Без оглед на тоа дали настапува дома во Македонија, низ европските метрополи или пак на големите прекуокеански турнеи во Америка, Канада и Австралија, за нејзините ангажмани секогаш се бара карта повеќе, а нејзината преполна агенда едноставно нема слободен викенд.

Најзаедничко за сите нејзини појавувања е бруталната забава и силна атмосфера што оваа дама без исклучок знае да ја приреди каде и да го земе микрофонот во рацете.
Изминатиов викенд, јавноста уште еднаш имаше прилика да ја види нејзината неверојатна моќ на сцената. Овој пат, во прв план изби нејзиниот специфичен танц каде меша со колкови ситно, ситно и тоа во крупен кадар до камерата.

Облечена во ултра тесен, кус бел фустан со екстремно длабоко и бујно деколте, Гавазова уште од првата секунда ја доведе публиката до вистинско лудило, правејќи комплетен хаос на подиумот особено кога и понесена од атмосферата почна да го врти долгиот реп коса.
Публиката во транс, а бакшишот сам се лепи кон неа, по што секако паричниците се празни.
Кај Сузе нема задршка, таа е врвен шоумен кој знае како да го контролира секој агол од салата.
Видеото експресно стана хит на социјалните мрежи каде нејзините верни следбеници не штедат зборови и комплименти за нејзиниот стајлинг, порачувајќи дека на Гавазова и нема рамна.
фото:Instagram printscreen/suzanagavazova





