Радио Милева нека е наздравје...

Спасе Рола реши да слабее… или барем така мислеше: Кога страста е посилна од желбата, а гладта од заморот! (ВИДЕО)

Спасе Рола реши да слабее… или барем така мислеше: Кога страста е посилна од желбата, а гладта од заморот!  (ВИДЕО)

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, харизматичниот Спасе Јовановски, попознат како Спасе Рола ја претера со габаритот, па почна да не го собира во ТВ кадарот. Место една, мораа да ангажираат по две камери за да го фатат цел во еден кадар, па сакал – не сакал, „(вон)временскиот“ мораше да донесе тешка одлука.

И тоа тешка колку него, ако не и потешка – да почне да вежба! И Спасе реши…Ќе почне со теретана.

А каде ако не кај ближните свои. Желбата  „да се слизне“ ептен јака, па ранецот на рамо и  правец кај својата пријателка, фитнес инструкторката Нина која го пречека со срдечна прегратка. А кај Нина се’ живо од справи има.

Презентерот отиде да се пресоблече, па онака симпатично подготвен за првиот тренинг, почна да ги опипува и испитува справите.

Ако не можеш лежеечки, може седеечки, па Спасе „крст нозе“ во погон ги стави рацете.

Потоа малку „качи се – симни се“ со две тегчиња, за следно само тегчињата в раце широко испружени странично и горе долу кревај…

Само што пустиот Спасе уморот го фати панично. Па кутриот  инструкторката ја премоли троа да одмори. Само мала пауза , ако може? А кога веќе толку ја моли, таа реши да му дозволи!

И ете ти го Спасе Рола од временската, трк – „дирек драјв“ во соблекувалната. Во гардеробата се фати за црниот ранец во кој веднаш ги завлече рацете. Што ли ќе извади? Шишенце со вода или некој исотоник, некој витамински напиток, можеби?

Впрочем…  Спасе Рола реши да слабее… Или барем така мислеше. Арно ама, погледнете подолу што се случува кога гладта е посилна од заморот, а страста за јадење од од желбата за слабеење! Епа… нека му е наздравје!

Фото и видео: Инстаграм/rolladobolla

To top