Помладиот син на легендарниот босанско-српски фолк пејач Харис Џиновиќ, младиот Кан Џиновиќ, стана вистинска сензација на социјалните мрежи со својот најнов физички изглед, поради кој женскиот дел од публиката полуде.

Кан, кој со години успешно ја избегнуваше претераната медиумска експозиција, со своите најнови фотографии покажа дека одамна го прераснал својот славен татко и дека изгледа исклучително згодно, мускулесто и моќно.

Медиумите веднаш почнаа да коментираат дека младиот Кан е како извајан, а неговиот татко Харис во едно интервју на духовит начин призна дека тие двајца често знаат да седнат на машки муабет, каде што тој му споделува искуства и безвременски „секси“ лекции за тоа како успешно да го освои срцето на една дама со манири и чист џентлменски став, без површни лажни вредности.
фото:Instagram printscreen/dzinovic_kann







