Мегафон на турнеја

Концерт на „Танец“ во Малта на 15 ноември

Концерт на „Танец“ во Малта на 15 ноември

На концертот ќе настапат играорците, хорот и оркестарот на „Танец“, со програма составена од познати кореографии, изворни ора и народни песни. Публиката ќе има можност да се запознае со разновидноста на македонските ритми, традиционалните носии и автентичниот музички израз.

Од раководството на ансамблот посочуваат дека гостувањето е дел од нивната меѓународна програма, насочена кон промоција на македонското културно наследство и одржување на врските со македонската дијаспора.

„Патувањето во Малта е уште еден значаен чекор во нашата меѓународна агенда за поврзување на нашата дијаспора со корените, но и за промовирање на македонскиот културен идентитет пред европската публика“, велат од „Танец“.

Гостувањето во Малта е продолжение на меѓународните активности на ансамблот, кој преку сценски изведби на традиционалните игри и песни го претставува македонското фолклорно творештво надвор од земјата.

Концертот ќе се одржи во недела, на 15 ноември, во „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука.

фото:printscreen/instagram/389society

To top