Радио Милева „човекот со торбата“

Шварценегер организира „потрага по богатство“ низ Виена (видео)

Шварценегер организира „потрага по богатство“ низ Виена (видео)

Холивудската ѕвезда родена во Австрија, Арнолд Шварценегер организира „потрага по богатство“ во Виена под наслов „Најди ја торбата на Арнолд!“, која вклучува пронаоѓање скриени торби полни со подароци на три точки низ градот.

Настанот е организиран од неговата фондација за животна средина, „Климатска иницијатива на Шварценегер“ (Schwarzenegger Climate Initiative), како дел од кампањата за заштита на животната средина наречена „Pump for the Planet“ (Пумпај за планетата). Според иницијативата, идејата е директно инспирирана од неговиот нов божиќен филм, „Човекот со торбата“ (The Man with the Bag). Торбите, полни со изненадувања, ќе содржат предмети како што се дуксери итн. Во филмот, акциониот херој од 80-тите и 90-тите го глуми Дедо Мраз, чија волшебна торба со подароци е украдена. Тој ги здружува силите со еден крадец – кого го толкува Алан Ричсон, во обид да си ја врати торбата.

Премиерата на филмот е закажана за 2 декември на платформата „Прајм видео“ (Prime Video). Сепак, во виенската потрага по „богатството“, сценариото е малку поинакво. Така, првата трага којашто открива едно од местата каде што е скриена торбата, ќе биде објавена на 18 ноември преку бесплатното гласило на кампањата, а останатите траги ќе бидат објавени во текот на наредните недели.

– Арнолд отсекогаш имал талент да спојува сериозни теми со здрава доза хумор. Токму таков пристап применуваме и во оваа потрага по „богатството“. Со ова, не сакаме само да понудиме забава и возбуда; туку сакаме и да ја подигнеме свеста кај јавноста за важноста на заштитата на животната средина и климата, на еден забавен и достапен начин, објасни Моника Ленгталер, директорка на „Климатската иницијатива на Шварценегер“.

Иницијативата организираше слична потрага и претходно оваа пролет, исто така во Виена. Тогаш, во текот на четири недели, на четири места низ градот беа скриени четири колекционерски картички со ликот на Шварценегер, потпишани и издадени во ограничена серија.

Фото: Printscreen/ You tube

To top