Мегафон На 18 април...

Роденденски концерт на Северина во Скопје

Роденденски концерт на Северина во Скопје

На 18 април 2026 во арена „Борис Трајковски“,  Северина ќе одржи голем солистички концерт, во рамки на нејзината турнеја „Ја само пјевам“. Ова ќе биде и специјален роденденски концерт со кој заедно со македонската публика ќе го одбележи својот роденден. Северина е културен феномен кој повеќе од три децении успешно им се спротивставува на времето, трендовите и очекувањата. Уметница која знае како да биде интимна и грандиозна во ист момент, тивка и бучна, нежна и силна, секогаш автентична и препознатлива, без разлика на сцената на која застанува. Таа е позната по својата силна врска со македонската публика, која со години ѝ возвраќа со полни сали, искрена емоција и незаборавни моменти. Концертната вечер во Скопје ќе биде составена од внимателно селектиран репертоар кој ги вклучува нејзините најпрепознатливи хитови, како и понови композиции, изведени со продукциски стандарди на највисоко ниво. Сценографијата, светлосните ефекти и звучната продукција ќе создадат целосно сценско искуство кое ја надминува класичната форма на концерт. Она што ја издвојува Северина на сцената е нејзината способност да создаде исклучителна блискост со публиката, дури и во најголемите арени. Нејзините концерти се исполнети со искреност, емоција и директна комуникација, каде секоја песна добива лична димензија, а публиката станува активен дел од приказната што се раскажува во живо. Концертот е во организација на Прагма продукција, која и овој пат најавува продукциски стандарди на највисоко регионално ниво, со една јасна цел, Скопје да биде домаќин на концерт кој по квалитет, емоција и изведба ќе остане долго во колективната меморија.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5726

To top