Мегафон ја преземаа администрацијата

Музичкото наследство на Тоше Прески официјално предадено од семејството на нови застапници

Музичкото наследство на Тоше Прески официјално предадено од семејството на нови застапници

Пред помалку од еден месец, платформата „EMDC“ ги презеде сите права на целокупното музичко наследство на Тоше Проески, секако, како негов застапник.

Оваа вест ја потврдија и од компанијата која соработува со бројни големи имиња на Балканот.

– Со голема чест и одговорност објавуваме дека „EMDC Network“ ги застапува правата на прерано починатиот Тоше Проески, во име на неговото семејство, и ја презема администрацијата на неговото музичко наследство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMDC Network (@emdc_network)

– Неговото наследство ќе го чуваме со најголемо почитување и посветеност, со цел музиката и делото што ни ги остави да продолжат да живеат и да бидат дел од сиве генерации – напишаа тие.

За потсетување, минатата недела на  16 октомври 2007 година навршија 19 години откако Тоше трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај Нова Градишка, кога имаше само 26 години.

фото:Facebook/Tose Proeski

To top