Мегафон 60 години јубилеј

ФМУ: „Една сцена, шест децении музика“

ФМУ: „Една сцена, шест децении музика“

Денес(19. октомври) по повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во „Бар Филхармонија“ ќе се одржи концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови, кој се реализира во рамките на концертната серија под мотото:

„Една сцена, шест децении музика“

На концертната сцена ќе се обединат професори, алумни и дипломирани студенти на Факултетот, кои преку заеднички настап ќе ја претстават креативноста, енергијата и музичката разновидност на популарните жанрови, славејќи шест децении посветеност на музичката уметност и нејзиното уметничко наследство.

На сцената ќе се појават  и истакнати музички уметници: Џијан Емин, Гоце Стевковски, Андријана Јаневска, Теа Трајковска, Тамара Тодевска, Лидија Кочовска, Маја Капсарова и многу други

Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија, а под ценето покровителство на претседателката на Р.С.Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска – Давкова.

Почетокот е закажан за 19ч и 30 мин.

фото:ФМУ

To top