Мегафон поп дивата во театарот на чудата

Калиопи направи спектакуларен концерт во Охрид: ,,Во Охрид се родив, сигурна сум дека тука и ќе заминам’’ 

Калиопи направи спектакуларен концерт во Охрид: ,,Во Охрид се родив, сигурна сум дека тука и ќе заминам’’ 

Македонската дива, поп-ѕвездата Калиопи, на 2-ри август одржа спектакуларен концерт под отворено небо во „Античкиот театар“ во Охрид.

Со фантастична енергија и емоции кои несебично ги споделуваше со публиката, таа приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој кажа дека е место полно со магија, уметност, неверојатна природа, место каде што се родила и место од каде што ќе си замине, па додаде дека Македонија е земја на чудата.

„Знаете, понекогаш се чувствувам дека живеам во земјата на чудата. Македонија е земјата на чудата“, кажа Калиопи.

На концертот освен од Охрид, публика имаше и од цела Македонија, како и гости од Србија, Бугарија, Хрватска, Англија, кои потврдија дека досега не доживеале вакви емоции како на овој концерт.


Изненадување на вечерта беше појавувањето на Марко Маринковиќ – Слаткар, а песната “Казна” за првпат заедно во живо ја изведоа токму на овој концерт.

Публиката со огромен аплауз и овации ја врати два пати на бис за песните „Црно и бело“ и „Бато“. На самиот крај, Калиопи со својот бенд се поклони пред присутните.

Следниот концерт Калиопи ќе го одржи во Скопје, а истиот е закажан за 19 октомври во арената Борис Трајковски’’.

Фото:  Стефан Самандов

To top