Пејачката Милица Тодоровиќ беше во жижата на јавноста откако се пишуваше за тоа дека во новиот стан ретко ја посетува таткото на нејзиното дете, а сега испливаа нови информации.
Имено, како што се зборува низ естрадните кругови, Милица тоа го правела плански за да се избегне кој било да го фотографира нејзиниот партнер кога ѝ е во посета, а тој сега редовно, речиси секојдневно го гледа детето.
– Милица не сакаше да зборува премногу за партнерот, но сега е појасно дека ѝ е многу полесно. Бебето убаво напредува, тој редовно доаѓа и не се крие како порано. Не сакаше ниту медиумите, ниту луѓето од соседството на пејачката да го видат поради приказните дека е оженет, но сега притисокот попушти и сè е подобро отколку што беше. Милица дури ѝ рекла на својата другарка: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро, тој да доаѓа кога може и кога е безбедно. Сите бевме во драма, не сакам уште и да го сликаат“. Тоа го зборуваа во екот на скандалот, а после сите се опуштија кога малку се потишија страстите во јавноста – изјави за „Ало!“ извор близок до пејачката и додаде:
– Милица тука ништо не би менувала, а кога ѝ да е подготвена ќе проговори за сè. Засега сè останува по старо.
Мајка ѝ ѝ помагала да го чува детето
Да потсетиме, Милица на почетокот на годината се селеше од еден стан во друг, а тогаш на широко се пишуваше дека партнерот не ја посетува.
Бидејќи се шпекулираше дека не се во добри односи, тоа подоцна беше демантирано, па јасно е дека само не сакале да се експонираат, а пејачката во секој момент ја имала помошта од својата мајка.
фото:instagram printscreen/milicatodorovicofficial







