Промотер

„НЕКСТ ТАЈМ“ по долги „ГОДИНИ“ со нова авторска песна пред претстојниот солистички концерт во Скопје (ВИДЕО)

„НЕКСТ ТАЈМ“ по долги „ГОДИНИ“ со нова авторска песна пред претстојниот солистички концерт во Скопје (ВИДЕО)

Близнаците Стефан и Мартин од братското дуо „Некст Тајм“ имаат нова музичка приказна. Песната „Години“, која ја промовираа на вчерашната на прес-конференција (вторник, 27 октомври 2026),  носи поинаква енергија и посвеж звук од она на што публиката беше навикната во нивните претходни изданија.

Имено по долги години и бројните етно-рок преработки на познати македонски патриотски песни, близнаците се враќаат на авторството и нивниот автентичен звук.  Модерен, соврен по-рок, со сопсвен белег огледан во аранжманот и продукцијата на лазар Цветковски и специфичниот вокал на Стефан, како и суптилните гитарски делници на Мартин.

Музиката е на „Некст тајм“, текстот го потпишуваат Стефан Филиповски, Магдалена Цветкоска-Ена и Лазар Цветкоски. Песната разбирливо и вообичаено за нив е визуелизирана со видеоспот, кој е реализиран во режија на „Стедифлоу“, а во главната улога се појавува некогашната ТВ водителка, манекенка и модел, атрактивната и сензуална Мартина Михајловска.

„Ова е нашата најпозитивна песна досега. По ‘Ме остави сам да живеам’ и ‘Рамо за плачење’, почувствувавме дека е време за една поинаква приказна и посвеж звук. Веруваме дека ‘Години’ ќе допре до публиката на поинаков начин“, откри Стефан  на прес конференцијата, потенцирајќи дека почувствувале потреба да напишат сопствена песна во која ќе се велича незјиното величество-  жената.

Близнаците и официјално го најавија и  својот солистички концерт на 27 ноември во арената „Борис Трајковски“, при што  потсетија дека приказната на „Некст тајм“ со продукцијата која го организира концертот започнала уште во 2008 година. Речиси две децении подоцна, и покрај низата некогашни недоразбирања, соработката се обновила, а амбициите се  сега поголеми.

На 27 ноември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што поп-рокот, етно-звукот, големите хитови и специјалните музички соработки ќе се спојат во едно.

А целата концертна приказна ќе ја збогатат и увеличаат и специјалните гости – Антониа Гиговска во поп-рок делот, и етно групата „Синтезис“ во етно-патриотското парче, кои се воедно и  први најавени гости, зашто следните изненадувања „Некст тајм“ оставија да ги чуваат како „адути во ракавот“ до денот на настапот.

Во меѓувреме нивната авторска тема „Години“ веќе е достапна на сите музички платформи, а видеото на Јутјуб, па истото можете да го погледнете во продолжение…

 

To top