Една од најубавите македонски ТВ-водителки и поранешна мисица, Вера Мештеровиќ, уште еднаш докажа дека времето за неа едноставно запрело.
Таа успеа буквално да ги остави своите следбеници на социјалните мрежи без зборови, објавувајќи „селфи“ фотографија на која нејзиниот сексапил и природна убавина едноставно доминираат под октомвриското сонце.
Иако нејзината инспирација тргнува од природата и чистиот воздух, а објавата филозофски ја опиша со зборовите дека некои работи вреди да се направат едноставно затоа што нè прават среќни што сме живи, следбениците останаа со подотворена уста пред нешто сосема друго.

На фотографијата направена на силна дневна светлина, во преден план доаѓа нејзиното самоуверено и чисто спортско издание. Облечена во тесен црн топ на тенки прерамки и хеланки, Вера со масивните црвени очила за сонце и распуштената коса зрачи со неверојатна привлечност.
Токму овој кадар во кој голата кожа и бујното деколте се ставени во фокус го привлече целото внимание и предизвика лавина од реакции. Со минимална шминка и огромна харизма, Вера покажа дека нема потреба од свечени фустани за да ја демонстрира својата супериорна линија и сексапил кој едноставно ја вжештува есента.

Но и едно најважно, кое наедно воопшто немаше потреба да го назначи, а тоа е дека во време на коригирана убавина природно издание нема конкуренција!
фото:Instagram printscreen/ veramesterovic





