Промотер

„Те боли, ме пали, убивам споро“… Луна ве води во сопствениот – „Хорор“ (ВИДЕО)

„Те боли, ме пали, убивам споро“… Луна ве води во сопствениот – „Хорор“ (ВИДЕО)

Младата македонска  пејачка и тескстописец Луна повторно провоцира со нов музички проект! Овој пат таа ја сервира „Хорор“ – песна со модерен поп-звук, придружена со официјален видеоспот, кој премиерно беше објавен на 23-ти октомври на нејзиниот Јутјуб-канал.

Ако веќе ве копка што крие овој музички „хорор“, засега ќе мора да се упатите токму таму! Новата песна моментално може да се слушне и да се погледне само на Јутјуб, додека на стриминг-платформите ќе пристигне наскоро.

Луна останува верна на својот препознатлив музички израз, но овојпат го носи во ново, современо звучно руво. Со „Хорор“ таа продолжува да го гради својот авторски печат, а зад новото музичко парче стои проверена соработка со Лазар Цветковски, познат како LCV.

Музиката ја потпишуваат Луна и Цветковски, додека текстот е дело на пејачката. За битот, аранжманот, миксот и мастерингот се погрижил LCV, па јасно е дека зад целата приказна стои нивна заедничка креативна работа.

Но, тука не завршува приказната! „Хорор“ доби и визуелна придружба зад која стои сериозна филмска екипа. Режијата, директорската фотографија, монтажата и колор-корекцијата се дело на Ѕteadyflow, додека камерата со ронин и кран ја водел Дуле Јанев.

Во реализацијата учествувале и Кристијан Крајчески како прв асистент на камера, Кристијан Миливојевиќ како втор асистент, Prolight Studio за светлото, Тоше Фидановски за грипот, а графиките се на Nic.

Новата песна веќе е достапна за сите љубопитни што сакаат да видат и да чујат што подготвила Луна. Дали „Хорор“ ќе стане уште еден нејзин препознатлив музички потег? Проценете сами!

Во продолжение погледнете го официјалниот видеоспот за „Хорор“ и проверете со што Луна овој пат се обидува ја освојува публиката…

To top