Промотер

Браќа Нуне повторно ги брануваат емоциите и срцата на публиката со деветтата песна од двата нови албума – „Љубовта е најскапа“ (ВИДЕО)

Браќа Нуне повторно ги брануваат емоциите и срцата на публиката со деветтата песна од двата нови албума – „Љубовта е најскапа“ (ВИДЕО)

Бендот на Браќата Нуне продолжува со музичката офанзива! Групата неодамна ја претстави својата најнова песна „Љубовта е најскапа“, деветто по ред музичко издание од нивните два нови албума, со кое повторно ги брануваат срцата на публиката.

Овој пат, музичарите избраа добро позната, но секогаш актуелна тема – љубовта, онаа вистинската, која нема цена, но затоа е највредното нешто што човек може да го има. Со стиховите „Љубовта е најскапа и ја чувам јас само за тебе“, Браќа Нуне испраќаат емотивна порака за посебната личност на која ѝ го подаруваме најскапото што го носиме во себе.

Нова музичка приказна, нова доза емоции и уште една песна со која бендот сака да допре до својата публика, потсетувајќи дека вистинското богатство не се мери со пари, туку со љубовта што ја даваме и добиваме.

Музиката и текстот се на Филип Нуне, аранжманот го направил Иван Петровски кој ги изработил и миксот и мастерингот во студиото MUSIVERSE, додека песната ја визуелизирал Никола Наумовски.

Песната „Љубовта е најскапа“ веќе може да се слушне на сите дигитални музички платформи, а достапен е и официјалниот видеозапис на YouTube-каналот на Бендот на Браќа Нуне.

Со ова издание, групата ја продолжува промоцијата на материјалот од двата нови албума, а останува да видиме со какви музички изненадувања ќе ја почести публиката во продолжение.

To top