Серијата „Подобар живот“ и денес важи за една од најпопуларните телевизиски остварувања на овие простории, а многубројни интересни детали поврзани со нејзиното снимање и понатаму го привлекуваат вниманието на публиката.
Еден од нив се однесува на Лепа Брена, на која, како што беше откриено своевремено, ѝ била понудена улогата на Нина Андрејевиќ. Улогата на крајот ја добила Снежана Савиќ.
Во тој период Брена била на врвот на популарноста, а покрај музичката кариера, се испробала и во глумата. Сепак, не ја прифатила понудата да се појави во познатата серија, а своевремено објаснила и зошто.

„Тоа беше многу одамна и повеќе не се сеќавам кој сè ме повика. Немав време да снимам серии, бидејќи снимањето може да трае и две години, туку само филмови. Во тој период бев преокупирана со настапи и турнеи низ поранешна Југославија и светот. Снежана Савиќ е голем професионалец и маестрално ја одигра улогата, што јас сигурно немаше да умеам да го направам“, изјавила своевремено Брена.
Foto: Instagram/ lepabrenaa





