Пејачката Александра Младеновиќ уште еднаш успеа да го привлече вниманието на јавноста и да ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи. Позната е по тоа што често изненадува со модните комбинации, а овојпат блесна во провокативно, но исклучително гламурозно издание.
Покрај фотографијата, Александра остави и порака што ги изненади нејзините обожаватели:
„Како да сум мало девојче…“


Пејачката избрала впечатлив црн фустан со светкав изглед. Креацијата е целосно покриена со ситни светкави топчиња што се прелеваат при секое движење и му даваат посебен сценски сјај на изгледот. Најголемо внимание привлече длабокото деколте, кое дополнително ја нагласи нејзината фигура.
Кога станува збор за шминката, Александра се одлучила за својот препознатлив заводлив изглед, со нагласени, потемни очи и драматичен ефект, додека усните ги истакнала со понеутрална нијанса, со што постигнала балансиран изглед.
Косата ја обликувала во бранови што го врамуваат нејзиното лице и придонеле за холивудскиот гламур. Од накитот избрала минималистичко ланче со приврзок, кое дискретно го надополнило целокупниот стајлинг.
Foto: Printscreen/Instagram/aleksandra_mladenovic_






