Со својот моќен вокал и атрактивниот изглед, скопјанката Андријана Пертушовска веќе две сезони од популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ е на работ на победата, но овој пат посигурана и посамоуверена до целта за која е поблиску од кога било. За секое нејзино претставување редовно се коментира на социјалните мрежи,а реакциите не се само наши, домашни, туку регионални, бидејќи Петрушовска во овие две сеози доби армија од фанови. Особено со своето последно и најново претставување каде ја пееше „Јовано Јованке“, Андријана убедливо ги доби сите симпатии и поени од јавноста кога на својот грб го носеше како наметка македонското знаме со сонцето од Вергина. Со Андријана разговаравме за тоа што се случува пред полуфиналето и добивме информации од прва рака.
Веќе си искусен натпреварувач во “Ѕвездите на Гранд”, дали поради тоа чувствуваш поголема одговорност годинава, постојат ли слабости?
Секако, искуството си го прави своето, а воедно се чувствувам и многу посамоуверено на секој мој настап. Од слабости постои само тремата, која секогаш е присутна.
Со доаѓањето на полуфинале и финале, се чувствува ли поголемо ривалство меѓу кандидатите?
Секако дека се чувствува, сите ние сме таму за да докажеме дека сме способни вокали и секој од нас сака да го однесе дома првото место. Сите се дружиме, но ако треба да издвојам, тоа ќе беше Александра Иванов. Убаво е што сите се дружиме и се поддржуваме. Сите се дружевме на проби на почетокот, но сега останав само јас кај Мили, па немам со кого да се дружам. Мојот пријател на пробите е Мили, но инаку сите се дружиме и се е супер.
Која е твојата девиза кога застануваш на сцена, кои мисли ти минуваат низ глава?
Во тој момент не размислувам многу. Секоја мисла е фокусирана на настапот.
Иако редовно добиваш по шест гласа, ласкави, а некогаш и неочекувани коментари. Има ли некој таков што тешко ти падна, разниша самодоверба и сл?
Имало и таков момент, не би кажала разочарувачки колку што бил непотребен.
Ако треба повторно да бираш ментор, би бил Мили, Ѓорѓе или некој друг?
Секој од нив има свои квалитети и не би можела да се определам, затоа што целата екипа е составена од врвни професионалци. Го имав Џоле лани, сега е Мили и мислам дека е така како што треба, ништо не можам да сменам. Ова е убаво и одлично за мене. Секако дека има разлики. Но, со Џoле одлично се забавував, како и сега со Мили. Научив многу работи, сега сум и позрела, па можам да прифатам повеќе совети.
Минатата сезона беше блиска и со Цеца, во каков однос сте сега, како ја доживуваш?
Со Цеца сум во стрикно професионален однос и за мене таа секогаш ќе остане најдобрата балканска пејачка.
Што е она од “Ѕвездите на Гранд,” кое гледачите ме го знаат, а би било интересно да слушне?
Се што е интересно се случува јавно, нема ништо интересно позади камерите, а да не го знаат гледачите.
Која е најважната лекција што ја научи за шоу бизнисот преку ова шоу?
Најважната лекција која ја научив е да секогаш бидеш оригинален и да го претставиш тоа во што веруваш и како професионалец и како личност.
За секој учесник стремежот секако е победа. Дали веќе се размислува за финалното претставување и во кој музички правец?
Не би сакала да го откријам тој дел , бидејќи се уште е многу рано.
Што потоа, каде понатаму?
Исходот од натпреварот ќе ги диктира моите идни планови. Ќе видиме (се смее)
Твоја порака до фановите, сите што веруваат во тебе, и стискаат палци за уште една македонска победа, овој пат од Андријана?
Благодарност до сите оние кои веруваат во мене. Останете свои, насмејте се, сакајте и грижете се еден за друг.
фото: Приватна архива