Македонија има нов тинејџерски идол кој веќе ја освојува евровизиската публика!
Младата и исклучително талентирана Ана Стојаноска ја одржа својата прва официјална проба на сцената во Малта, каде што годинава ќе нè претставува на Детската Евровизија 2026 со моќната тема „Идната јас“.
Официјалните фотографии споделени на социјалните мрежи на Детскиот Евросонг веднаш предизвикаа лавина од позитивни коментари. Ана се појави со својата препознатлива харизматична насмевка и со огромна енергија, покажувајќи дека Македонија годинава е подготвена за нешто навистина големо!
View this post on Instagram
За разлика од досегашните класични настапи, годинава нашиот тим подготви вистински визуелен спектакл на сцената во Валета.
Ана се појави во впечатлива бела креација надополнета со бордо акценти, додека на сцената доминираа моќни визуелни ефекти во црна, темноцрвена и портокалова боја, кои дополнително ја засилија пораката на песната.

Зад одличната и енергична кореографија стои Илија Карадакоски, а на сцената како придружба на Ана брилијантно застанаа Каја Тевдовска, Калина Враготерова и Елена Маркова.

Да потсетиме, зад евровизиската песна „Идната јас“ стојат докажаните македонски автори Никола Мицевски и Илчо Нечовски од „Дупер“.
Македонската публика во сабота (24. Октомври) ќе може да го следи настанот и да навива за Ана Стојаноска преку директниот пренос на МРТ 1.
Стискаме палци и навиваме за Ана!
фото:Instagram printscreen/junioreurovision





