Нашата млада и неверојатно талентирана танчерка Ања Јолакоска донесе сребрен медал за Македонија од Светското првенство во хип-хоп, попинг и брејкинг танци (IDO World Championships 2026), кое се одржува во Киелце, Полска.
Ања го освои престижното вицешампионско место во исклучително силната категорија „All Style Battles Adults“. Ова не е само обичен медал – ова е историски успех и прв ваков висок пласман за нашата земја на Светско првенство во сениорска категорија!

Зад овој врвен резултат стои нејзиниот танцов клуб „Еурека“, од каде со многу емоции и гордост ја споделија прекрасната вест:
„СВЕТСКО СРЕБРО ЗА МАКЕДОНИЈА! Горди е мал збор да објасниме како се чувствуваме. Ања, продолжи да ги остваруваш соништата кои веќе се заеднички, а ние ќе бидеме твоја најголема поддршка! Твои, Еуреки“






