Лице в лице

Четкар во „Ништо лично“: „Види се ти, види ме мене, па самиот заклучи кој повеќе личи на скулптурине од Античка Македонија?“ (ВИДЕО)

Четкар во „Ништо лично“: „Види се ти, види ме мене, па самиот заклучи кој повеќе личи на скулптурине  од Античка Македонија?“ (ВИДЕО)

Владимир Василевски – Четкар е еден од оние македонски музичари чија кариера одамна ги надминала границите на домашната сцена. Гитарист, вокалист, композитор, аранжер и продуцент, родениот охриѓанец со години гради сопствен музички свет меѓу Македонија, Њујорк и големите сцени во САД, Европа и Азија.

Неговата приказна, сепак, не започнува во Њујорк, ниту со електрична гитара. Почнува во Охрид, во музичко училиште, со виолина во рацете. Иако подоцна целосно ќе се посвети на гитарата, токму почетокот со виолината ќе му остави важна трага. Во одреден момент гитарата веќе не била само детска љубопитност. Таа станала опсесија. Почнува самоуко да ја освојува гитарата, а потоа сè посериозно да навлегува во џезот, фанкот, соулот и диско музиката.

Во 1996 година Четкар заминува во Бостон, каде што се запишува на престижниот Berklee College of Music.

Но патот до Беркли не бил едноставен. За приемниот испит морал во голема мера сам да се подготвува. Во времето кога интернетот практично бил во своите почетоци, тој набавувал материјали и учебници и самостојно се подготвувал во текот на целата четврта година од средното образование.

Студирал современо пишување и продукција, аранжман и џез-гитара, а во 2001 година дипломирал со високи почести, cum laude. Пет години бил целосно посветен на студиите и, како што самиот има кажано, немал ниту еден паднат испит.

Четкар морал да се бори и за егзистенција и за својата позиција меѓу огромен број талентирани музичари од целиот свет. Првата година живеел во студентски дом, а потоа, поради финансиски причини, се преселил во стан што го делел со други студенти. Работел и во Berklee Performance Center, каде што заработувал, но истовремено добивал можност да ги следи концертите на големи имиња.

Потоа постепено се префрла кон Њујорк, градот кој ќе стане негов музички дом. Таму не се обидува да стане дел од туѓ бенд по секоја цена. Напротив, гради сопствен идентитет како автор, продуцент, аранжер, вокалист и фронтмен.

За својот животен пат од Охрид преку Беркли до Њујорк и Далечниот Исток, школувањето, професионалната кариера, настапите издаваштвото, создавањето на музичкиот идентитет, односот на државата кон уметноста и врвните уметници и артисти… И уште многу помалку или воопшто непознати нешта зборуваше во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски.

Меѓу останатото и за моментот кога имало препирања со колеги Грци додека студирал во Бостон, кога го виделе дека Четкар носи маичка со сонцето од Кутлеш. Седнале да полемизираат, па го прашале: „Добро бе зошто го носиш овој симбол на маичката?“ А Четкар возвратил: „Види се ти, види ме мене… Кој повеќе личи на оние скулптурине од Античка Македонија?“

Овој момент од разговорот како и целиот поткаст со охридскиот џезер, но  и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (

Од истата категорија

To top