Лице в лице

Ана Дурловски во „Ништо лично“: „Не жалам што децата не избраа да се во нашите води…“ (ВИДЕО)

Ана Дурловски  во „Ништо лично“: „Не жалам што децата не избраа да се во нашите води…“ (ВИДЕО)

Биографијата на Ана Дурловски не е само приказна за една оперска  уметница чија вредност  се мери само со аплаузи и која успеала да стигне до најпрестижните светски оперски сцени. Тоа е приказна за девојка од Македонија која со талент, огромна посветеност, дисциплина и истрајност изградила меѓународна кариера, за жена која ги освојувала аплаузите на европските оперски куќи, но и за сопруга и мајка која поминала низ исклучително тешки животни моменти.

Нејзината приказна има неколку големи поглавја: музичкото созревање, образованието и првите професионални чекори, светската кариера, животот во Германија, љубовта со оперскиот пејач Игор Дурловски, семејните предизвици, тешкиот период по настаните од 27 април 2017 година, враќањето кон нормалниот живот и повторното поврзување со македонската публика.

Кога ќе се погледне целиот нејзин животен и професионален пат, станува јасно дека Ана Дурловски е многу повеќе од оперска пејачка со импресивна меѓународна биографија. Таа е девојката од Штип која преку музичкото образование во Скопје и усовршувањето во Виена стигна до Виенската државна опера, Метрополитен во Њујорк, Бајројт и најпрестижните европски оперски куќи. Таа е уметницата која повеќе од 250 пати ја изведувала Кралицата на ноќта, која ја добила германската награда DER FAUST, која е прогласена за Национален уметник на Македонија и која со својот глас ја претставува земјата пред светската публика.

Но, зад сите тие признанија стои и една жена која го градела семејството паралелно со кариерата, која со сопругот Игор минувала низ предизвици, која ги воспитува трите деца и која не се откажува од желбата да создава и да се враќа на македонската сцена.

Можеби најубавата слика за нејзиниот карактер е токму начинот на кој самата ја опишува својата кариера – како сцената од „Пелеас и Мелисанда“ на Дебиси, во која Аркел гледа кон темното, длабоко и мирно море, со мали светленца на хоризонтот.

Неизвесност, но и смиреност. Патување, но и надеж. Многу прашања, но и верба дека секој чекор има своја смисла.

И можеби токму затоа приказната на Ана Дурловски не е само приказна за светска оперска кариера. Таа е приказна за талентот кој не ги заборавил своите корени, за љубовта која ја дели сцената, за семејството кое останува најважно и за уметницата која и по повеќе од 25 години сè уште има што да ѝ подари на публиката. Но својата приказна пред големиот концерт со нејзиниот сопруг Игор насловен „Завет“ кој ќе се случи на 6-ти декември во СЦ Јане Сандански и самата да ја раскаже својата приказна  во гостувањето во најновото издание на интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“ кај Антонио Димитриевски.

„Не жалам што децата не избраа да се во нашите води, зашто не е лесно… Не е лесно ни да се носи товарот на славата и успехот на родителите, зашто секогаш има две опции: Или ќе ти речат дека си успеал токму заради родителите или ќе ти речат дека не те бива, далеку си од татко ти и мајка ти“ – ќе рече во еден момент Ана Дурловски за патот на своите три деца – тинејџери кои не одбрале да ја наследат професијата на нивните родители.

Целиот поткаст со познатата македонска оперска уметница како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (

To top