Лице в лице

Коки Јанков во „Ништо лично“: „Иако последните два-три месеци од неговиот живот со Дуле не се гледавме, дента тргнавме со еден другар од Штип да го посетиме во болница, но лошата вест не затече по пат“ (ВИДЕО)

Коки Јанков во „Ништо лично“: „Иако последните два-три месеци од неговиот живот со Дуле не се гледавме, дента тргнавме со еден другар од Штип да го посетиме во болница, но лошата вест не затече по пат“ (ВИДЕО)

Во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“, поткаст гостин кај Антонио Димитриевски беше Никола Коки Јанков, член на некогаш мегапопуларното дуо Дуле и Коки кој зборуваше за својот животен и професионален пат.

Ако животната приказна на Коки Јанков треба да се сведе на една линија, тогаш тоа е патот од момчето од Штип со виолина до музичарот што успеал да ја зачува својата професионална кариера и по една од најголемите лични загуби.

Тој почнал со музика уште како дете, а со Дуле го претвориле другарството во едно од најпрепознатливите дуоа на македонската естрада. Заедно ги освојувале локалите, со песната „Виолина и  гитара“ја освоиле првата награда на „Макфест“, создале песни што станале евергрини и оставиле трага во ноќниот живот на Скопје.

Потоа дошла трагедијата што засекогаш го променила нивниот заеднички пат. Но Коки не дозволил таа да биде и крај на неговата музика. Продолжил со „Тајфата“, настапувал, предавал виолина, создавал нови песни и се враќал на сцените на кои со години го пречекувале како половина од дуото „Дуле и Коки“.

Токму во тоа е суштината на неговата приказна. Тој не се откажал од минатото, но не останал ниту заробен во него. Го зачувал споменот на Дуле преку песните, а истовремено продолжил да го гради сопствениот пат.

На 14 ноември, кога ќе се одбележат 30 години од „Виолина и гитара“, Коки повторно ќе застане пред публиката со музиката што го направила препознатлив. Само што овој пат, зад виолината ќе стојат три децении спомени, пријателство, загуба, истрајност и љубов кон музиката.

А Дуле, иако физички го нема, ќе биде присутен во секој стих и секој рефрен што публиката повторно ќе го запее заедно со Коки.

Зашто некои музички партнерства завршуваат со последниот заеднички настап, но некои продолжуваат да живеат во песните. „Дуле и Коки“ се токму таков случај.

Меѓу останатото во разговорот  Коки зборуваше и за последните месеци од животот на Дуле, мрачниот период низ кој минувал фатен во канџите на алкохолот,  порокот кој ќе му го уништи животот како и голготата низ која и тој заедно со него. Здравјето на другарот и колега се влошувало, во еден момент и настапите престанале, а Коки во моментите кога најмногу му требало егзистенција зашто го очекувал раѓањето на неговата ќерка, немал извори на приход, зашто не сакал да продолжи сам без Дуле иако имал за тоа понуди…

„Последните два-три месеци од неговиот живот со Дуле не се гледавме… Дента убедени дека иако е сериозно и овој пат Дуле како и дотогаш ќе се извлече,  со еден другар од Штип тргнавме да го посетиме во болница, но лошата вест не затече по пат… Семејството ми јави дека починал“ – раскажува Коки во дел од повеќе од едночасовната животна и професионална исповед.

Овој момент од разговорот како и целиот поткаст со штипскиот музичар, како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (

 

To top