ТВ-водителката Милена Антовска Станковска повторно привлече внимание со најнова објава на социјалните мрежи. Позната по храбриот стил на облекување и долгите нозе, таа уште еднаш покажа дека знае како да ја плени јавноста со своите модни избори.

На фотографиите што овој пат ги сподели на Инстаграм, Милена едноставно плени со својата елеганција. Овој пат, водителката носеше тесен фустан во бордо нијанса, кој исклучително ја нагласи нејзината витка фигура, а со коментарот што го остави откри дека е повеќе од задоволна од својот моден избор.
„Ептен ми „легна“ бојава оваа есен“ – напиша таа и додаде симбол чаша полна со вино.


Но, она што особено привлече внимание и ги привлече погледите на сите беше високиот и смел шлиц што овозможи фустанот да открие дел од нејзините долги и грациозни нозе. А , токму овој смел моден детаљ даде посебен печат на нејзиното издание, додавајќи доза на заводливост.

Милена впечатокот го надоплони и со предизвикувачките пози пред објективот, покажувајќи самодоверба и чувство за стил.

Водителката често споделува модни комбинации со своите следбеници, а нејзините објави редовно привлекуваат внимание.
Покрај професионалните обврски, Милена ужива и во семејниот живот. Таа е во брак со Гордан, со кого ги има ќерките Лана Марија и Јоана.
Foto: print screen/Instagram/milena_antovska





