Радио Милева за недостижното

Ивона Јо со емотивна јавна исповед за големата животна загуба: „Се’ што не успеа да ми кажеш“

Ивона Јо со емотивна јавна исповед за големата животна загуба: „Се’ што не успеа да ми кажеш“

Месец септември зсекогаш ќе остане како месецот на големата загуба, емотивна празнина и болка која никогаш нема да се залечи за младата пејачка Ивона Јо која пред една година го загуби татка си.

Ивона секогаш транспарентна и реална за се’ она што и се случува, ја радува или пак силно погодува…

Овој пат, своите емоции како да сакаше да ги упати „таму горе“ кај татка си, па ги срочи најдлабоките чувства низ неколку реченици за вчера(15. Сепрември) денот кога тој засекогаш си замина од овој свет, па напиша:

„Точно една година како еден дел од мене замина. Една година од последната реченица Дали сум стигнала сигурно и дали сум безбедна. Ме испрати на пат на пеење и потоа вечно се успокои татко мој.
Една година без твојата насмевка.
Знам дека си на сигурно, безбедно и безболно место.
Фала ти што ме избра да сум твоја ќерка- син на татка.
Недостасуваш многу повеќе од тоа што можам да го искажам.
Знам дека знаеш дека знам сѐ што не успеа да ми кажеш.

Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.
Јован 11:25,26, стои во објавата на ужалената ќерка.

Заедничката фотографија која денес сведочи за едено убаво време и нераскинливата врска на татко и ќерка, овој пат беше во боја, а не црно бела, така жива и рална зашто спомените и се уште така свежи, толку реални, но за жал така недостижни од реалноста!

фото:Instagram printscreen/ivonajo

To top