Познатата македонска фолк пејачка Анета Љумаковска, која пред само неколку дена доживеа триумф на престижниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, се соочи со другата, потемна страна на славата.
Наместо мирно да ги ужива плодовите од победата со песната „Срцево те бендиса“, на пејачката очигледно ѝ „пукна филмот“ од постојаните чаршиски муабети, критики по социјални мрежи и ниски удари.

Испровоцирана од оние кои повеќе се занимаваат со нејзиниот приватен живот, изглед и кариера отколку со самите себе, таа реши јавно да им одговори на сите „душегрижници“.
Иако оваа нејзина реакција повеќе ја нема на нејзиниот Фејсбук профил, за медиумите и јавноста стоеше доволно за да се види, прочита и сочува.
Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот емотивен, но воедно и исклучително остар статус во целост, каде што со моќни зборови се обраќа на сите кои се обидуваат да го згаснат нејзиниот сјај па вели:
„До сите оние кои се мачат повеќе со мојот живот, мојата работа и мојот успех, отколку со својот… Интересно е што најгласни секогаш се оние на кои најмногу им сметаш. Тие што се среќни за тебе немаат потреба да те навредуваат, да те омаловажуваат или да бараат мана во секој твој чекор.Љубомората често се крие зад „мислење“, а злобата зад „искреност“. Но, човек кој е задоволен од себе нема потреба да го гаси туѓиот сјај.Не мора да ме сакате. Не мора да ви се допаѓа како пеам, како изгледам или што правам. Но, ако толку многу ве вознемирува моето присуство, тогаш можеби проблемот не е во мене. Јас не се натпреварувам со никого. Си го градам својот пат, чекор по чекор, со многу труд, љубов и работа. А оние кои имаат потреба да навредуваат и омаловажуваат, само покажуваат колку им пречи туѓиот успех.И не сум тука за да им се допаднам на сите. Тука сум за оние кои ја чувствуваат мојата музика, ја почитуваат мојата работа и искрено се радуваат на секој мој успех.Злобата никогаш нема да го намали туѓиот успех, само го открива карактерот на оној што ја носи во себе.Запомнете едно:Кога некој не може да го достигне твоето ниво, најлесно му е да се обиде да те спушти на своето.Но јас немам намера да се спуштам.Ќе продолжам да пеам. Ќе продолжам да создавам. Ќе продолжам да растам.А вие… продолжете да коментирате.Очигледно, и негативниот коментар е еден вид публика. Вашите зборови нема да ме спречат да пеам, да создавам и да го правам она што го сакам. Напротив, само ми покажуваат дека сум ЗАБЕЛЕЖАНА. А најдобриот одговор на љубомората не е расправија — туку успех.Со љубов, за сите “- гласеше објавата.


Останува мистерија зошто Анета одлучи брзо да го повлече статусот од социјалните мрежи – дали самата сфати дека хејтерите не заслужуваат ниту секунда од нејзиното внимание, или пак реши дека нејзиниот успех зборува погласно од кој било статус.

Сепак, со оваа јавна лекција таа покажа дека не останува имуна на токсичноста од социјалните мрежи. Анета јасно стави до знаење дека злобата не може да го девалвира нејзиниот талент и музички успех кои се најдобрата „одмазда“.
фото:Facebook/Aneta Ljumakovska




