Мегафон

После Ѓоковиќ и Битола ќе пее со Владо Георгиев

После Ѓоковиќ и Битола ќе пее со Владо Георгиев

Уште само една недела до големиот концерт на Владо Георгиев. По едно одлагање на 21 август во античкиот театар Хераклеја ќе се одржи долгоочекуваната музичка средба со Барба.

А интересот е се уште особено голем поради фактот дека ова е единствениот концерт ова лето во Македонија.

По двата вирални концерти на Канли Кула во Херцег Нови, на кои дојде и запеа дури светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, истата атмосфера ќе следува следниот петок во Битола.

Освен „Тропски бар“ која Ѓоковиќ ја пееше со Владо, на тричасовниот концерт ќе ги слушнете сите големи хитови на Георгиев како „Анџелe“, „Једина“, „Све си ми ти“, „Збогом љубави“, „Искрено“, „Жена без имена“ а вечниот боем за публиката чува и изненадувања на репертоарот.

Преостанатите влезници се достапни во „Портал 2 Кафе“, Димпо Тобако и ddtickets.com ddtickets.mk.

фото:плакат

To top