Андријана Петрушовска е една од оние млади македонски пејачки што станаа познати откако станаа и „Гранд ѕвезди“. Се разбира не баш во вистинскла смисла на зборот, туку само како учеснички во познатото регионално музичко талент шоу, во кое тие имаат забележителни настапи.
Затоа оваа сезона Андријана ги жнее резултатите на популарноста. Настапите многубројни, заработувачката на ниво, бакшишот богат… Сепак и покрај се, треба да се држи и до имиџот, а тој покрај пеењето најдобро се гради „со голи гради“. Или барем приближно, на што во прилог му одеа и топлите денови, па се живо е разголено, а камо ли пејачките, на кои разголувањето ионака им е дел од професијата и перформансот.
Атрактивната убавица пред да тргне на секоја следна станица за настап, задолжително прави последна проверка на тоа како изгледа. Што пред огледалото во домот или хотелот, што во ретровизорот на автомобилот.
Селфито е најдобар доказ дека се е на свое место, а потоа, по проверката, фотографијата е и добра можност за дополнителна реклама. Социјалните мрежи се разбира, особено поедини, како за тоа да се создадени!
Како и многупати претходно, атрактивната Андријана навиката да се слика во возачкото седиште ја примени и овој пат. Времето надвор пекол, па логично беше да седне во кола со само нешто малку на себе, колку да не е „пиштол гола“.
Лесното едноделно црно фустанче на прерамчиња, убаво им прилега на вака млади и згодни девојчиња како што е пејачката. Сепак дека е се на свое место пред автомобилот да се напушти, задолжително мора да се провери. А како поинаку, ако не со селфи?!
И додека Андријана се местеше како да позира и проверуваше дали е се потаман, селфито од зад воланот испадна повеќе од секси. До душа можеше да се случи да испадне и топлес, ама сепак Андријана во последен момент реагираше за да го спречи она што не е за јавно покажување.
Имено, додека се сликаше на пејачката и падна прерамката од фустанчето, а брадавицата од градата за малку што не ѕирна низ шофершајбната!
Фото и видео: Инстаграм/andrijanapetrushovska