Радио Милева во дворот на луксузната вила

Жешка комбинација: Анастасија Ражнатовиќ во фустан без градник (фото)

Жешка комбинација:  Анастасија Ражнатовиќ во фустан без градник (фото)

Анастасија Ражнатовиќ  објави фотографии на својот Инстаграм профил кои се направени по Ѓурѓовден. Таа позирала во дворот на луксузната вила во Севиља, а ги воодушеви сите со изборот на фустан.

Таа носеше долг розов фустан со целосно голи рамена и мало деколте, како и целосно гол грб, а под него не носеше градник. Наместо високи потпетици, Анастасија се одлучи за дизајнерски влечки,  косата само фенирана, а  нанесе и лесна шминка.

– Ѓурѓовден – напиша Анастасија кратко.

 Анастасија претходно изјави колку многу ѝ недостига нејзиното семејство бидејќи долго време живее во Шпанија.

– Бев принудена да зборувам шпански во Севиља, бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, имав претходно познавање од теленовели. Најмногу ми недостига мајка ми, ние две сме многу блиски. Ние сме како најдобри пријателки, и сè што ми се случува прво ѝ го кажувам неа – рече неодамна Анастасија.

фото: printscreen/instаgram

To top