„Брза кујна“ дефинитивно е најзабавното кулинарско шоу кое секој работен ден гледачите на телевизија Сител имаат прилика веќе 11-та сезона да го гледаат, а кога ќе посакаат и да учествуваат и да доживеат како е е да се готви пред камери.
Шеф Боби и шеф Никола освен со своите разновидни готвачки вештини спакувани во 20 минути, заедно со водителката Сања Савевска, несомнено одлично се сноѓаат во своите улоги.

Овој брз тим секојдневно умее гледачите да ги забавува, насмее, расположи , со своите интерни шеги и закачки.

Дека не се само мајстори со лонецот и кутлачата покажале во повеќе наврати. Но, она што веќе им премина во пракса е тоа дека редовно посакуваат да се покажат и докажат во пеење, танцување, а сега и во глума, се разбира се’ тоа само за забава.
Овој пат, „влегоа во филм“ да бидат малите жолти суштества попознати како мињони.
View this post on Instagram
-Оддамна не нема. … Ама исти сме, не сме многу сменети… напиша Сања мислејќи на тоа дека помина некое време да ги нема со забавни видео од зад сцената откако вдишуваа балони со хелиум, играа пајдушко оро, па „Макарена“.
Само весело како и секогаш, а за тоа кој колку го бидува, е најмалку важно, туку сосема спротивното, дека знаат да се поклопат енергетски и секогаш да ја пренесат својата позитива преку камерите, на ваков или онаков начин.
Само така продолжете…
фото: Instagram printscreen/ sanja_saveska





