Пред неполни осум месеци Едина Муса, екс- кошаркарка и актуелен тренер, а по ново и инфлуенсер, отпочна нова животна етапа, онаа најголемата за жена – стана мајка, роди син кој го носи името Максим.
Бебето пркна, а мама колку- толку се прилагодува не сите предизвици кои природно и нормално се наметнуваат при одгледувањето на едно малечко бебенце.

Арно ама, мама Едина зацртала дека никако, ама баш никако не смее и не сака да излезе од ритамот на кој навикнала и се нејзинот животен стил, па макрар и ненаспана таа мора во теретана на одржување кондиција и топ форма.

Периодот на постпартум за неа како да заврши брзо, со оглед дека трагите од бременоста на телото, кај неа не се видливи.
Но, за тоа да биде така мора нешто да трпи, во случајот најчесто е сонот, бидејќи ритамот за спиење кај бебињата е непостојан и променлив, па затоа Едина Муса уште во зори додека Максим спие, таа „се пушта“ кон теретана.

-Кога ќе сфатиш дека најлесен начин да останеш константен во теретана е всушност да станеш во 5 сабајле и да извежбаш дур бебето спие, пишува Едина за она што на многумина ни на крај памет да им падне, ма чувај Боже.

Ама отстапки мора да има, зашто мама таман спремила торба за излез, тогаш се слуша плач, па назад на нишкање.

А бидејќи мама е флексибилна, теретаната може и да почека, но никако да се пропушти.
Секоја чест!
фото:Instagram printskrin/edina_musa







