Стојна Костовска, нашата позната актерка, каде и да се појави, макар и само виртуелно на социјални мрежи, таа зрачи со својата енергија и ѕвезден сјај кој го носи.
Иако навлезена во осмата животна деценија, госпоѓа Костовска ниту изгледа, а ниту пак се чувствува како за годините што ги има, а за неа навистина важи она дека може да бидат само број.

Првото добро утро со одразот во огледало, за неа мора да биде поглед полн со задоволство и самодоверба и тоа доволни за целиот ден, но и со силен мотив за уште едно исто такво утре.

Секогаш средена од глава до петици, госпоѓа Костовска преферира да си го направи сопствениот мерак и да го каже се’она што и лежи, за да и биде убаво на душата. Модерна и трнди, насмеана и позитивна без оглед на тоа колку лета има зад неа.
„Имам 70 години, но не би се дала за жена од 40 години“- кажа минатата година во „Нешто конкретно“ кај Снже Велков.

Помина една година оттогаш, а оваа тековна 2026-та кон крајот на месец март таа ќе наполни 71 година, но Стојна едноставно блеска без оглед дека годините си врват.
На еден настан неодамна, таа беше слика и прилика на вистинска дама во минималистичка и елегантна црно- бела комбинација.

Ѓоспоѓа Стојна иако е пензионерка од 2022 година, завршувајќи го својот работен век во Македонскиот народен театар, таа не ретко добива понуда за некој актерски ангажман и денес.
Заклучок, како се чувствуваш одвнатре, така и рефлектираш однадвор!
фото:facebook/ Stojna Kostovska





