„Пинк ѕвездички“, регионалниот натпревар од каде пошироката јавност ги запозна Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ, а тие ги освоија симпатиите преку својата детска наивност и талент за пеење даден од Бога.

Времето помина, а двете малечки девојчиња пораснаа, ама и се преобразија со трендовите од новото време. Трансформации кои јавноста никако да им ги прости, а тие во чекор со се’ кое сметаат дека е нивен личен одраз, се претставуваат со визулен печет за кој секогаш се „крева прашина“.

Ретро видеото од гостувањето во „Еден на еден“ кај Жаре, денес кружи како „ново“ и вирално, а за кое коментарите не стивнуваат.

„Кога изгледаа нормално“, „Сега не личат на себе“, „Колку беа двете убави, мили, скромни и природни. Сега филери и пластика“, „Некој го украде чистото и убавото од нив“… се само мал дел од коментарите на јавноста откако осамна ретро видеото од пред десет години.

Тогаш Антониа и Мартија заедно ја пеат „А можевме“ на Елена Ристеска која таму се појави како изненадување за нив.
View this post on Instagram
Нови времиња, нов изглед, ама и нови релации. Едно време двете музички ѕвездички имаа разнишани односи, а денес можеби не блиски како порано, ама секоја со своите погледи, намери и цели кон успехот.
Антониа особено е онаа што секогаш успева и стреми кон врвот, особено откако неодамна издаде втор албум, додека Мартија полека оди по патот до своето место под македондкото естрадно небо.
фото:Instagram printscreen/edennaeden/antoniagigovskaa/martijastanojkovic/chat GPT





