вездата на филмот „John Wick“ бил фотографиран на сетот на својот нов филм „Outcome“ со кратка фризура и средена брада, по неколку години негување долга коса и малку подолга брада – кои станаа негов заштитен знак.
Актерот претходно често експериментирал со различни фризури, но веќе со години ѝ е верен на долгата коса, па се чини дека сега е време за промена.
View this post on Instagram
Косата всушност ја пуштил за време на снимањето на франшизата за Џон Вик, а фановите биле убедени дека тоа е изгледот кој ќе го задржи во иднина.
View this post on Instagram
„Кијану изгледа одлично со новата фризура“, „Кијану изгледа како да има 35 години“, „Секогаш е згоден“, „Ми се допаѓа, одлично изгледа“, се само дел од коментарите на обожавателите под фотографијата на која позира со кратка коса.
фото:Instagram printscreen/ keanureevesfanpage2020