Препознатливото ТВ-лице Александра Пановска Илиевска, која со години наназад ја гледаме како водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“ на „Канал 5“ телевизија, конечно ги остави обврските настрана.
После долгата и напорна сезона со рани утрински будења и динамични студиски интервјуа во живо, за шармантната водителка дојде долгоочекуваното време за летен одмор.
-Нека неделата ни биде полна со убави мисли, насмевки и нови почетоци.
Розево утро, розови мисли, убави денови!- порача таа во прилот н новите летни фотки.

Дека полнењето батерии е во полн ек, Александра покажа со својата последна летна разгледница која веднаш ги привлече погледите на социјалните мрежи. Таа сподели фотографии на кои ужива покрај морскиот брег, заменувајќи ги строгите телевизиски костими и деловни комбинации со едноставен, а исклучително елегантен едноделен црн костим за капење.

Водителката, која неодамна прослави јубилеен 40-ти роденден, со оваа фотографија покажа дека е во апсолутно топ форма. Нејзиниот стил за плажа овој пат е спој на минимализмот и впечатливите летни детали
Александра, која во етерот секогаш плени со весел дух, широка насмевка и умереност, позира со опуштен и среќен израз седната на бетонски ѕид веднаш до песочната плажа. Во позадина се гледа прекрасното тиркизно море, чадорите за сонце и кајаците, што дополнително ја доловува летната идила.

Епа, наздравје уживање!
фото:Facebook/ Aleksandra Ilievska




