Мегафон уникатна фестивалска платформа

Виница ќе биде центарот на балканската електронска Organic нouse сцена: „Cafe De Anatolia Фестивал 2026“ официјално потврден

Виница ќе биде центарот на балканската електронска Organic нouse сцена: „Cafe De Anatolia Фестивал 2026“ официјално потврден

Откако ја освои ноќната сцена во Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта, Букурешт и неодамна Скопје, каде што настапот во „Public Room“ беше целосно распродаден, светски познатиот бренд Cafe De Anatolia официјално го најави својот прв дводневен фестивал во Виница, во „Аleksandar Park – Mak Progres“. Фестивалот претставува ново искуство кое ги спојува Afro House и Organic House музиката со уметноста, гастрономијата и винската култура, создавајќи уникатна фестивалска платформа на регионално ниво.

Дводневната програма ќе се одржи во петок и сабота од 20:00 до 03:00 часот, а ќе вклучува настапи на интернационални диџеи, визуелни перформанси, танчери и пантомимичари. Покрај ноќната програма, саботата носи и дневен сегмент од 15:00 до 20:00 часот, исполнет со бесплатна дегустација на вина од над пет локални винарии, богата гастрономска понуда, уметнички изложби и фестивалски пазар. Како бренд со глобално признание и соработки со престижни имиња како Giorgio Armani, Four Seasons и Sony Music, Cafe De Anatolia ја пренесува својата препознатлива светска енергија и во Македонија.

Основан од семејството Илиеви – Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиевa (Monika Ilieva) и Никола Илиев (Rialians On Earth/Nickarth) – брендот бележи континуиран раст и признанија, па така, номиниран е од Beatport, рамо до рамо со светски имиња како HUGEL, за „Label of the Year 2025“ и „Artist of the Year 2025“. Со воспоставувањето соработки со глобални гиганти како Giorgio Armani, Four Seasons и Radisson Blu, тие поставуваат нови стандарди на пресекот меѓу музиката, културата и lifestyle индустријата, докажувајќи дека Cafe De Anatolia со сигурност е највлијателниот лејбл во својот жанр. Oвој македонски бренд направи историја во Источна Европа со потпишувањето на административен договор со Sony Music Publishing, како и со тоа што беше првиот домашен бренд промовиран на Тајмс Сквер во Њујорк. Со овој историски чекор, Cafe De Anatolia дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од највлијателните независни музички лејбли во Македонија и регионот, соработувајќи со над 5.000 артисти и поседувајќи го најголемиот музички каталог со над 10.000 траки во жанрот Organic House. Денес, брендот брои над 30 милиони следбеници и повеќе од 2 милијарди прегледи на глобално ниво.

Билети и повеќе информации: https://mktickets.mk/event/cdafestival/ Early Bird продажбата завршува на 1 јуни, по што билетите преминуваат во следна фаза. VIP билетите се веќе достапни за купување.

To top