Радио Милева читај подобро

Викторија Лоба покажа како НЕ треба да се почне денот: Суплементите имаат друга намена и никако не се за оброкот замена!

Викторија Лоба покажа како НЕ треба да се почне денот: Суплементите имаат друга намена и никако не се за оброкот замена!

Додатоците во исхраната отсекогаш можеле да се набават без рецепт, па и без препорака од лекар или фармацевт, но она што секогаш е примерно и истакнато од упатствата за употреба и сугестијата од експертите, е дека никогаш не треба да бидат замена за оброк, туку само како додаток во исхраната за ефектно дополнување за потребниот недостаток во организмот.

Во денешно време се’ попопуларно станува купувањето на разни витамини, минерали, суплементи со  екстракти од растенија… пример за тоа секако знаат да бидат и познатите, особено инфлуенсерите кои ги следи цела една армија преку социјалните мрежи.

Пејачката Викторија Лоба веројатно доброупатена во сево ова, практикува да користи доста суплементација која веројатно и е здравствено потребна.

Оваа нејзина пракса осамна на најновата утринска „стори“ објава на која покажа дланка полна со разно-разни суплементи за кои нагласи дека се нејзиниот појадок.

Всушност, пејачката покажа како НЕ ТРЕБА или барем мислеше само да нагласи дека суплементацијата е колку еден комплетен оброк кој само ќе го дополни со шарените пилули, но, откако ќе се најаде!?

Факт е дека некои здравствени состојби бараат примена на одредени суплементи, но здрав човек најчесто нема потреба или сосема минимална закористење на било какви додатоци. Затоа, секогаш најдобро е пред да се одлучите да посегнете по витамини и минерали во форма на суплементи, треба да се советувaте со лекар.

НО НАЈВАЖНО, читајте ја внимателно НАПОМЕНАТА од упатствата за употреба: Суплементите имаат поинаква намена и тие секакако не се за оброкот замена! Вака, како што Лоба споделила, многу лесно може своите следбеници  да ги доведе во тешка заблуда!

фото:Instagram printscreen/victorialoba/Freepik

To top