За младиот музичар и автор на стендап телевизиската емисија „Кој те праша“, Виктор Апостоловски старата 2025 -та годинина заврши посреќно од кога било.
Имено, Виктор и неговата сопруга Милена Доневска станаа родители за првпат кога на свет дојде нивното синче Адам кое сега има месец ипол и е најголемата среќа во целото семејство.

Веројатно се уште под наплив на возбуда со новороденче дома, Виктор ја доживеа најубата и најсреќната Нова година, а богами и празникот Василица и Стара Нова година.
Во родниот крај на Виктор, Битола, традицијата за среќната паричка од кршењето на лепче или вртена пита што тие ја викаат мазник, се прави на Василица, па дека среќата се налепила за гордиот татко, доказ беше неговата најнова објава.
Семејството Апостоловски веројатно е големо, па за да има парче среќно лепче за сите, веројатно правеа три такви од кои во двете паричката се паднала кај Виктор, а едната кај Бога.

Арно ама, Виктор најпрво се израдува, а потоа се сети дека оваа среќа има кус рок зашто веќе од следната година тој нема шанса да биде ваков среќлија бидејќи главната улога ќе ја преземе малиот Адам по директива на бабите.
-Три мазници годинава, двете париња кај мене, едно кај Господ! Нека е за многу години! Здрави и живи сите! И најсреќни! п.с ја фатив последната година пред да почнат бабите да му го местат парето на малиот! – резимира среќлијата.

Сепак, пред него има цела една година која со ваква симболика најавува големи нешта. Најголемата среќа која го носи името Адам , Виктор веќе ја има во раце, а се’ останато е на Бога!
фото:Instagram printscreen/ professor_va






