Радио Милева тешка одлука

„Ви благодарам браќа“: Снеже Велков најде одговор за дилемата која ја имаат сите жени

„Ви благодарам браќа“: Снеже Велков најде одговор за дилемата која ја имаат сите жени

Македонската ТВ водителка и поранешна пилатес инструкторка Снеже Велков на својот Инстаграм профил на кратката приказна се насмеа на една од најголемите дилеми што ги мачи сите жени – дали да ја измие косата денеска или да ја одложи за утре.

– „Секоја жена ја има оваа дилема!“, тврди таа, додека ги набројува класичните изговори: “Ако ја врзам, нема да се примети, ако ставам капче, ќе помине, или само шишките да ги измијам, мрсното ќе се сокрие…”Снеже побара од своите следбенички да се огласат и да споделат свои трикови, а за да се помири со својата одлука, најде совршен изговор.

 

– Одлуката е донесена. Денес било Кинеска Нова Година, па според верувањето, не се мие коса! Не мијте коса. Ви благодарам браќа Кинези – беше оправдувањето што Снеже ја задоволи како одговор, па мирно можеше да си легне.

Но, вистинската причина за дилемата излезе на виделина: вчера и било толку студено што “изговорот за немиењето веќе беше јасен”.

– Жива смрзната сум. Сосе топлинкиве ќе си легнам.

За да се стопли, Снеже си легна сосе папучи на нозете! Ова ја насмеа публиката на социјалната мрежа, а многумина го видеа тоа како одлична идеја за ладните денови.

Фото: printscreen/instgaram/velkovsneze

To top