Радио Милева лично резиме

Весна Змијанац за нападот врз домот на Чолиќ: „Тоа е класичен рекет“

Весна Змијанац за нападот врз домот на Чолиќ: „Тоа е класичен рекет“

Пејачката Весна Змијанац вчера во разговор со новинарите, се осврна и на случајот со фрлањето бомба врз куќата на колегата Здравко Чолиќ.

– Тоа не е добро. Тоа е класичен рекет, тоа е лошо време. Ме потсетува на некое минато време, тоа не е добро. Никогаш немав обезбедување, но јас сум друга приказна. Воопшто не ми се допаѓа тоа – рече популарната фолк пејачка.

Српската полиција приведе две лица осомничени за напад врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград.

На почеток од месецот беше фрлена бомба врз куќата на Чолиќ на Дедиње во Белград. Немаше повредени во инцидентот, предизвикана беше само голема материјална штета.

фото:Instagram printscreen/Instagram/zdravko.colic/vesna_zmijanac_official

To top